Фудбалерот на Рома и капитен на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко, е прогласен за најдобар играч на третото коло во Лигата на шампионите.
Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години убедливо ги совладаа Фарски Острови со 4:0.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави официјално дека нема да дозволи реализација на планот за одигрувањето на натпревари од шпанското првенство во САД. За тоа инсистираат од Шпанската фудбалска лига, чиј шеф Хавиер Тебас тврди дека такви дуели ќе има, а дури првиот таков е сигурен на 90 отато – Жирона против Барселона во јануари во Мајами.
Откако веќе го привлече во својата управа поранешниот шеф на Арсенал, Иван Газидис, Милан размислува да го направи истото и со легендарниот поранешен менаџер на „топџиите“ Арсен Венгер. Се чини дека моментално невработениот Французин е фаворит за позицијата на Џенаро Гатузо.
Во неделата пред „Ел Класико“, Реал Мадрид ја прекина серијата од пет натпревари без успех со победата над Викторија Плзен (2:1) во Лигата на Шампионите. Пред тоа, Хулен Лопетеги и неговите играчи го внесоа „кралскиот“ клуб во една од најголемите кризи во историјата – 7 часа и 45 минути без постигнат гол.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави во Кигали, дека ќе бара најширока можна поддршка за предложените од него два нови турнири, бидејќи негова должност е да се брани „релевантноста на фудбалот“.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо категорично ја отфрли можноста да се обиде да го врати Златан Ибрахимовиќ на „Олд Трафорд“ во јануари. Такви гласини се појавија минатата недела откако „црвените ѓаволи“ очигледно имаат потешкотии во нападот.
Арсенал постигна 11-та последователна победа во сите натпреварувања по победата од 1: 0 како гостин против Спортинг Лисабон во Лига Европа доцна синоќа, но менаџерот на „топџиите“ Унаи Емери не мисли за израмнување или подобрување на некој од клупските рекорди.
Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович нема намера да го продава клубот и покрај интересот на најбогатиот чешки бизнисмен, Петр Келнер, соопштува „Скај Спортс“.
Менаџментот на Барселона доби изненадувачка понуда за преименување на својот стадион. Медиумскиот гигант „Медијапро“ понуди сума од 300 милиони евра за да ги добие правата на името „Камп Ноу“ во следните 20 години.