Сенегалецот Кеита Балде по трансферот од Монако во Интер, рече дека му се остварил сонот од детството.
Раководството на шпанскиот шампион Барселона одлучи во летниот трансфер прозорец да не го продава Усман Дембеле.
Шпанскиот голман Давид Де Геа ќе добие понуда за нов договор од Манчестер Јунајтед и тоа ќе се случи во многу скоро време, објави Би-Би-Си. Актуелниот договор на 27-годишниот голман истекува следната година, а клубот наскоро ќе започне преговори за продолжување на соработката.
Фудбалерот Давид Силва соопшти дека се повлекува од шпанската репрезентација. Силва во дресот на Шпанија одигра 125 натпревари, а дебитираше во 2006 година и по 12 години ја завршува репрезентативната кариера.
Балде доаѓа на „Џузепе Меаца“ како позајмен играч од Монако, со опција за откупување на неговиот договор.
Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, изјави дека до крајот на преодниот рок има уште 20 дена и дека во клубот може да пристигнат нови засилувања.
Англискиот фудбалски стручњак, Сем Алардајс, го критикуваше новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери.
Тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски не е задоволен од стартот на новата сезона во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ вчера загубија на домашен терен од Ренова со 3:4, а самиот резултат отсликува дека одбраната била послабиот дел на тимот.
Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи во пресрет на реваншот во 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите против Ред Бул Салцбург, рече дека неговите ќе се обидат да се реваншираат за високиот пораз (0:3) на првиот меч во Австрија.
Поранешниот најдобар светски фудбалер, Бразилецот Луис Назарио да Лима Роналдо, им се заблагодари на сите за неговата поддршка по завршувањето во болница на Ибица поради проблеми со дишењето.