Порнешниот напаѓач на Рома, Патрик Шик, се обиде да ги објасни причините зошто неговиот престој во римскиот гранд беше дефиниран како неуспех.

Напаѓачот пристигна во Олимпико откако неговиот трансфер од Сампдорија во Јувентус не успеа поради срцеви проблеми откриени за време на медицинските прегледи.

Тој сега ќе ја помине сезоната за изнајмување 2019/2020 во РБ Лајпциг, кој за ова задоволство плати 3,5 милиони евра. Германскиот тим има и опција да го откупи играчот за доплата од 29 милиони евра.

– Во ниту еден момент не се чувствував среќен во Рим, па мислам дека го направив вистинскиот чекор. Ми требаше промена на средината. Не бевме сигурни до последен момент дали ќе се случи овој трансфер. Затоа, бев подготвен да се преселам во Лајпциг, но бев подготвен дури и да останам. Тогаш би се борел за моето место во Рома, изјави Чехот.

Според чешкиот репрезентативец, притисокот врз него бил преголем и честопати тоа го натерало да се чувствува „заробен“.

– Не би рекол дека избегав од Рома, но дефинитивно ми требаше промена и ова беше вистинскиот потег за мојата кариера. Тешко е да се каже зошто работите не успеаја, но имаше многу фактори. Почетокот на нова авантура без предсезонски подготвки е секогаш тешко, потоа дојдоа повреди, големи очекувања, кои – за жал – не ги исполнив целосно. Додавајќи го притисокот… сето тоа ме натера да се чувствувам заробен, заврши Шик.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2019 23:43