Централниот дефанзивец на Манчестер Сити, Ајмерик Лапорт се подложи на операција на десното колено поради искинатиот менискус, соопшти клубот.
Францускиот репрезентативец беше повреден во текот на викендот по судир со фудбалер на Брајтон во натпревар во Премиер лигата.
Сè уште е нејасно точно колку долго ќе отсуствува Лапорт, но неговата загуба е сериозен удар за менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, кој не може да се потпре на неговиот друг централен дефанзивец, Џон Стоунс, кој исто така е повреден.
Ако Стоунс не се опорави наскоро, Гвардиола веројатно ќе треба да се обложи на Николас Отаменди и Фернандињо во центарот на одбраната.