Поранешниот тренер на Реал Мадрид и шпанската репрезентација Винсенте дел Боске ги изрази своите ставови за Нејмар. Цело лето се зборуваше за трансфер на Бразилецот во Барселона, но тој на крајот остана во ПСЖ.

– Не би било лошо да се врати во Ла Лига, но да бев тренер во Барса не би го зел. Тој е совршен играч со сигурност, но има и други аспекти што се важни за мене. Сигурен сум дека повеќе од 50 отсто од навивачите на Барса не би биле задоволни со неговото враќање, изјави Дел Боске за шпанското радио шоу „Естудио Естадио“.

Шпанецот исто така зборуваше за почетокот на Ла Лига.

– Поминаа само три кола, но се гледа дека сите екипи имаат проблеми за расчистување. Атлетико е единствената екипа со максимум поени и покрај големите имиња кои заминаа ова лето. Реал Мадрид е во процес на обновување со многу прашања во врска со составот. Барселона страда без Меси и Суарез, но тие ќе успеат да се кренат, како и Реал Мадрид по опоравувањето на Еден Азар, заврши Дел Боске.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2019 21:57