Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи ги негираше гласините дека клубот може да ги продаде Килијан Мабе или Нејмар. Шпекулациите за можна акција од страна на парижаните се поврзани со ограничувањата на УЕФА за повреди на финансискиот фер-плеј.
Барселона е лидер во Ла Лига по 24 круга од сезоната со вкупно 54 поени. Каталонците имаат водство од седум поени пред вториот Атлетико Мадрид, кој е со 47 и девет пред третиот Реал 45.
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне може да биде казнет за натпреварите во Лигата на Шампионите поради непристојниот гест, прикажан од него во првиот осминафинален дуел против Јувентус (2:0).
Интер е подготвен да му понуди нов договор на напаѓачот Мауро Икарди, објавија италијанските медиуми. Пред тоа, напаѓачот беше лишен од капитенската лента.
ФИФА ја одзеде организацијата на Перу на Светското првенство за играчи до 17 години поради страв од инфраструктурни проблеми. Одлуката беше донесена од бирото на Советот на ФИФА, кое ги вклучува претседателите на шесте регионални конфедерации и претседателот на ФИФА – Џани Инфантино.
Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо призна дека не бил воопшто задоволен од првото полувреме на натпреварот против Емполи, но сепак ги пофали своите играчи за нивната презентација по паузата.
Живата легенда на Манчестер Јунајтед, Гери Невил е на мислење дека при победа во големото дерби против Ливерпул, раководството на клубот сигурно ќе му додели постојан договор на привремениот тренер Оле Гунар Солскјер на крајот на сезоната.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го поддржи својот колега во Челзи, Маурицио Сари и ги повика шефовите на „сините“ да му дадат повеќе време.
Голманот на Атлетико, Јан Облак, планира да го продолжи договорот со клубот.
Тренерот на Рома, Еусебио ди Франческо, изјави дека разговорот за можноста „римската волчица“ да биде предводена од сегашниот тренер на Челзи, Маурицио Сари, се бесмислени.