Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, зборуваше позитивно за својот противник, Пеп Гвардиола, пред судирот на „петлите“ со Манчестер Сити утре од 17:30 часот на „Етихад“.

Аргентинецот го посочи Гвардиола како еден од најдобрите тренери во светот, но и ја посочи својата амбиција да го победи.

– Среќен сум што повторно ќе се соочам со него (Гвардиола). Уште една можност да се соочам со еден од најдобрите, ако не и најдобриот менаџер на светот и да се обидам да го победам. Јас се обидувам да ги победам сите менаџери, се разбира. Јас сакам да се натпреварувам, сакам да ги победам сите, но сепак тоа е фудбал, а фудбалот е колективен спорт, а не индивидуално натпреварување, рече Почетино за Гвардиола.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2019 23:38