Седумнаесетгодишната фудбалерка Леутриме Емини од Кичево, која со родителите живее во Германија, потпиша Договор со германскиот женски фудбалски клуб „Бохум", каде ја почна фудбалската кариера.

За неа се заинтересирале и од косовскиот национален тим односно челниците на ФФК, поканата била прифатена и таа веќе има неколку настапи за Косово за тимот У-19. Емини вели дека не била контактирана од челниците на нашиот национален тим за настап за соодветната селекција на ФФМ.

– Со задоволство ја прифатив понудата за да настапам за најновата членка на ФИФА и УЕФА, селекцијата на Косово, вели Емини, која е првата кичевчанка која настапува за член на Бундес лигата за јуниори на Германија во женски фудбал.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2019 14:11