Најскапата набавка на Реал Мадрид ова лето, Еден Азар нема да игра во утрешниот натпревар против Селта – првиот официјален меч на „белите“ оваа сезона.

Белгискиот играч од средниот ред добил растегнување во левата нога за време на денешниот тренинг. Сè уште не е јасно колкав ќе биде периодот на опоравување. Според шпанските медиуми, тој ќе се лекува 3-4 недели.

Реал Мадрид гостува во Виго утре од 17:00 часот. Азар се очекуваше да биде носител против „небесно-сините“.

Без него, Зинедин Зидан ќе избере некој од Хамес Родригез, Герет Бејл, Виничиус Јуниор, Лука Јовиќ и Лукас Васкез.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2019 23:37