Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, го опиша Френк Лампард како „совршен“ за Челзи пред нивниот нареден судир.

Двете екипи се среќаваат на „Стемфорд Бриџ“ во недела од 17:30 часот.

Роџерс смета дека Лампард го презема тимот во вистинско време и заедно со неговиот помошник Џоди Морис се вистинските луѓе за Челзи.

– Френк и Џоди се совршени за оваа работа. Обајцата ја знаат политиката на клубот, а сега со забраната за трансфер, на момчињата кои немале можност во минатото, може да им се даде шанса. На натпреварите што ги гледав, Челзи одржуваше многу добро темпо. Френк разбира какво значење на шансата, што им ја дава на младите момчиња, но сфаќа дека мора да победува и да постигнува резултати и верувам дека ќе успее, вели тренерот од Северна Ирска.

Во врска со возбудувањата пред своето деби на „Стемфорд Бриџ“ како тренер на „сините“, Лампард рече дека е целосно фокусиран на освојување на трите бода.

– Веќе се вратив на „Стемфорд Бриџ“ и добив неверојатна поддршка. Ќе биде емотивен ден за мене, но најважно е да се обидам да ги освојам трите бода, а тоа е главното на кое размислувам, вели легендата.

Лампард е свесен за важноста на натпреварот и неговото влијание врз играчите.

– Победата е важна за нас затоа што сакаме да ја освоиме нашата прва средба на домашен терен, уште повеќе, откако го загубивме првиот натпревар. Важно е за психата на тимот. Нашите претходни два натпревари беа чудни. Не можеме само да се надеваме дека ќе ги повториме силните перформанси од средата и затоа е важно да се фокусираме, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2019 12:20