Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека не може да замисли да премине во друг тим во Англија. Шпанскиот стратег ја освои титулата на Премиер лигата со „граѓаните“ минатата сезона на импресивен начин и ќе продолжи да ги забавува навивачите на клубот со спектакуларен фудбал.
Најбогатиот човек во Чешка, Петр Келнер (54) ќе започне преговори со Роман Абрамович за евентуалното купување на дел од акциите на Челзи, соопштува чешкиот весник „Тиден“.
Герет Бејл е обвинет за затајување данок во Шпанија, а поради прекршување на законот, ќе мора да плати 337.000 евра.
Претседателот на Челзи, Брус Бак е категоричен дека клубот ќе стори сé за да го задржи Еден Азари со нов договор на „Стемфорд Бриџ“.
Тимот на Милан може да биде казнет и да не ги добие парите што му следуваат за учество во европските клубски турнири.
Фанови на Лацио и Олимпик се степаа на улиците на Марсеј пред дуелот помеѓу двата тима од групната фаза на Лигата на Европа.
Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, може да го напушти тимот во најблискиот трансфер рок, доколку не добие повеќе минути на теренот.
Холандскиот фудбалер Робин ван Перси објави дека ќе стави крај на професионалната кариера на крајот од сезоната.
Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68-то место на ФИФА ранг-листата објавена денеска.
Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах рече дека е среќен и горд што постигна 50 гола за „црвените“ од Енфилд. Египќанецот беше двоен стрелец на синоќешниот дуел со Црвена ѕвезда во 3.коло од Лигата на шампионите што Ливерпул го доби со 4:0.