Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо се произнесе кои фудбалери да го донесе раководството на клубот за да се состави силен тим.
Според „Мирор“ на листата на Роналдо се наоѓа 19-годишниот играч од средниот ред на Бенфика Жоао Феликс, двајцата поранешни соиграчи од Реал, дефанзивецот Рафаел Варан и играчот од средниот ред Иско..
Другите тројца се крилото од Фиорентина, Федерико Киеза, одбранбениот играч на Рома, Костас Манолас и централниот играч од средниот ред на Олимпик Лион, Танги Ндомбеле.
Како што забележува „Кориере дело Спорт“ Роналдо веќе разговараше за сите овие играчи со тренерот Масимилијано Алегри.