Спортскиот директор на Ајнтрахт Франкфурт, Фреди Бобич објави дека евентуалниот трансфер на Лука Јовиќ во Реал Мадрид е доста „реална можност“. Тимот од „Комерцбанк Арена“ го откупи српскиот напаѓач од Бенфика за 7 милиони евра, а ако стане збор за продажба, „орлите“ ќе бараат износ од 50-60 милиони од европската валута.

– Постои реална можност Јовиќ да се пресели во Реал. Се надевам и сакам да останам тука во Ајнтрахт, но во исто време сум реален и знам дека ако таков клуб го сака, немаме шанса да го задржиме во нашиот тим, рече Бобич пред „ЗДФ“.

Вчера во медиумите во Германија имаше информации дека Јовиќ не е опција за Баерн Минхен, бидејќи баварскиот клуб не гледа потреба за засилување на напаѓачката линија. На „Сантијаго Бернабеу“, Карим Бензема и понатаму е главната опција во нападот на „белите“, и поради неговата возраст, Јовиќ може да се претвори во негов наследник.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2019 17:44