Шпанската фудбалска федерација преговара со владата на Саудиска Арабија да биде домаќин на Суперкупот, објавија тамошните медиуми.

Според „Марка“ во тек се преговори за организирање на шпанскиот Суперкуп во следните шест сезони. Трошоците за овој проект кој би значел афирмација на фудбалот во Саудиска Арабија се проценуваат на 30 милиони евра.

Претходно, овој месец, стана познато дека во шпанскиот Суперкуп бројот на тимови може да се зголеми од два на четири, почнувајќи од јануари 2020 година.

За потсетување, минатата сезона натпреварот од шпанскиот Суперкуп меѓу Барселона и Севиља се одржа во мароканскиот град Тангер.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2019 11:25