Манчестер Јунајтед не е во најдобра форма, иако првично имаше голем подем под раководство на Оле Гунар Солскјер. По поразот од Евертон со 4:0, сепак, ситуацијата во соблекувалната не е добра.

Лидерите на „црвените ѓаволи“ Давид Де Хеа, Пол Погба и Ромелу Лукаку може да го сменат својот клуб ако тимот не успее да се бори за место во Лигата на шампионите, пишува „Гардијан“. По поразот од Евертон, Јунајтед се на шесто место, на три поени од зоната „Лига на шампиони“.

Евентуалниот пласман надвор од топ 4 може да има негативни последици за Манчестер Јунајтед. Клубот и понатаму не преговара со Де Хеа за нов договор, Погба и Лукаку, исто така, може да одлучат да го сменат својот тим. Не е тајна дека Французинот е силно посакуван од Реал Мадрид и евентуален неуспех во турнирот целосно ќе го одалечи од „Олд Трафорд“. Лукаку го загуби своето место во стартниот состав и не е задоволен од неговиот статус како резерва.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2019 19:21