Маскираните хулигани ги нападнале Англичаните кои се наоѓале во близина на Олимпискиот стадион, каде што утре Реал Мадрид и Ливерпул го играат финалето на фудбалската Лига на шамиопните.
Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио и натаму е желба на гигантите од Англија, но по се изгледа дека неговата иднина е поврзана со „Сантијаго Бернабеу“.
Новиот селектор на Италија, Роберто Манчини изјави дека не е волшебник и треба време за да закрепне тимот, кој не успеа да се пласира на едно Светско првенство, прв пат по шест децении.
Пјер-Емерик Обамејанг е дел од Арсенал од јануари и не помина многу време под раководство на Арсен Венгер.
Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти, брзо составил листа на потребни нови засилувања. Тој веќе разговарал за ова прашање со претседателот Аурелио Де Лаурентис и бил уверен дека некои од назначените играчи ќе бидат привлечени.
Една од најголемите ѕвезди во историјата на фудбалот, Роналдо да Лима, го прогнозираше точниот резултат во финалето на Лигата на шампионите.
На само еден ден пред финалето во Лигата на шампионите каде ќе силите ќе ги одмерат актуелниот Европски шампион Реал Мадрид и англиски Ливерпул, се потсетуваме дека на овој ден (25 мај) токму „Редсите“ освоија две европски шампионски титули. Едната во далечната 1977 а другата пред 13 години во историското финале против Милан.
Капитенот на Астон Вила, Џон Тери најверојатно ќе остане во овој клуб и следната сезона доколку биде изборено учество во Премиер Лигата, но инсистира во новиот договор да има клаузула според која да не може да игра против Челзи.
Новиот менаџер на Арсенал, Унаи Емери најави офанзивен пристап на неговиот тим, велејќи дека повеќе сака да победи со 5:4, отколку со 1:0.
Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен, Лотар Матеус смета дека клубот треба да го продаде играчот од средниот ред Тиаго Алкантара.