Силната сезона на Манчестер Сити нуди ексклузивна можност за освојување на четири трофеи – нешто што никој во Англија не го направил досега. Од британските клубови пак последно Селтик постигнува таков успех во 1967 година.

„Граѓаните“ веќе го освоија трофејот од Лига Купот, во полуфиналето се за Купот на Англија, во четвртфиналето се во Лигата на Шампионите и се борат со Ливерпул за титулата во Премиер лигата.

Менаџерот Пеп Гвардиола го прифаќа тоа со голема возбуда.

– Сметам дека сме во добра ментална и физичка состојба и ќе се обидеме да го направиме тоа, вети Пеп.

Најблиску до вакво достигнување за последно беа Челзи на Жозе Мурињо (2007 година) и Манчестер Јунајтед на Алекс Фергусон (2009 година), кои во оваа фаза во предметните години исто така беа во игра и за четирите трофеи.

– Со нетрпение очекувам да видам што ќе се случи. Добра идеја е да влеземе во овој циклус со поставувањето, дека ако не освоиме даден натпревар, нема да гоосвоиме и соодветниот турнир. Како ќе реагираме ако забележиме слаб натпревар или лош резултат? Љубопитен сум да дознаам. Во англискиот фудбал, само Манчестер Јунајтед успеал да стигне до требл, но никој не освоил четири трофеи, додаде Пеп.

Шпанецот дефинитивно има искуство во таква ситуација, откако претходно како тренер на Барселона освои шест трофеи за 12 месеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2019 14:08