Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, ги прекинал преговорите за нов договор со клубот.
Според информациите на „Гол“, 28-годишниот Германец е загрижен дека нема да игра редовно следната сезона и тоа го натерало да ја преиспита идејата за обврзување долгорочно со „граѓаните“.
Актуелниот договор на Гундоган е до 2020 година. Токму поради тоа од Сити сакаат да го продолжат што е можно поскоро.
Сепак, засега тоа нема како да се случи, бидејќи Гундоган сака внимателно да размисли за својата иднина.
Така, во оваа фаза, преговорите меѓу двете страни се „замрзнати“.