Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изјави дека за него е многу важно клубот да ги задржи Пол Погба и Маркус Рашфорд.

Французинот во последно време многу често е поврзуван со Реал Мадрид, а за Рашфорд се шпекулира дека може да се пресели во Барселона. Гласините се поттикнати од фактот дека двајцата играчи сé уште не потпишале нов договор со „црвените ѓаволи“.

Солскјер, сепак, не размислува за разделба со нив и верува дека тие ќе можат да ги исполнат своите амбиции на „Олд Трафорд“.

– Тие се од витално значење за нашата иднина. Тие се играчи, околу кои можете да го изградите тимот. Убеден сум дека ќе можат да ги остварат своите амбиции во Јунајтед. Тоа е целта на нашиот клуб – да го постигнеме она што сме го имале во минатото. Токму такви очекувања си поставуваме пред себе. Се разбира, се надеваме дека ќе изградиме тим кој ќе биде достоен за историјата на клубот, рече Норвежанецот за „Телеграф“.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2019 15:04