Двата гиганти од Милано почнуваат нова битка. Според медиумите на Апенините, Милан и Интер се цврсто решени да го привлечат за свој тренер Антонио Конте, кој е решен да работи повторно во Италија.

Во оваа фаза, „нероазурите“ се чини дека имаат мала предност во битката. Причината е дека нивен спортски директор е Џузепе Марота, кој беше во одлични односи со стратегот, додека двајцата работеа во Јувентус.

Во исто време, сепак, „росонерите“ можат да го примамат со подобра плата, но сè треба да се реши во наредните недели. Засега е јасно дека двајцата тренери на миланските гиганти – Лучано Спалети и Џенаро Гатузо, нема да продолжат со работата таму и за новата сезона.

Антонио Конте е без работа од летото, кога тој беше отпуштен од Челзи. Тој беше блиску до Реал Мадрид во ноември, но на крајот не се разбра со претседателот Флорентино Перез и остана „слободен агент“. Но, ова е на пат да се промени многу наскоро.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2019 15:09