Спортскиот директор на ОАЕ, Мохамед Калфан Ал-Ромаити верува дека земјата ќе ја поздрави идејата за заедничка организација на Светското првенство во фудбал во 2022 со Катар. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино веќе изрази поддршка за зголемување на бројот на тимовите на следниот Мундијал од 32 до 48 и спомена дека ако тоа се случи, соседните на Катар држави можат да бидат домаќини на натпревари од Светското првенство.
Новиот фудбалер на Барселона, Кевин-Принс Боатенг изјави дека бил подготвен да трча до „Камп Ноу“, а не да чека авион, за да го комплетира својот трансфер. 31-годишниот фудбалер ги положи медицинските прегледи и го потпиша договорот со клубот.
Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер смета дека Баварците имаат квалитет да ја освојат Лигата на шампионите.
Досегашниот клуб на Емилијано Сала, Нант го откажа денешниот тренинг поради ситуацијата со исчезнувањето на авионот во кој вчеравечер кон Кардиф замина нивниот досегашен клупски колега.
Малиот приватен авион со новиот фудбалерот на Кардиф, Емилијано Сала побарал итно слетување пред да исчезне од радарот.
Приватен авион со аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала исчезна од радарот на патувањето од Нант до Кардиф. Според француски „Л’Екип“ тој исчезнал во понеделникот вечерта, и цела ноќ траела операцијата за пребарување на островот Олдерни, кој е дел од Нормандските Острови.
Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо пристигна во мадридскиот суд каде ќе присуствува на рочиште во случај на затајување данок. Се очекува денес да биде изречена казната за Португалецот.
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо не успеа да реализира пенал синоќа на натпреварот од 20. коло на Италијанскиот шампионат против Киево (3: 0). Ова за Португалецот беше 25. неуспешен обид од белата точка.
Актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус синоќа на домашен терен го победи Киево со 3:0 и ја врати предноста на девет бода во однос на второпласираниот на табелата Наполи.
Халфот Кевин-Принс Боатенг веќе е играч на Барселона. Каталонците објавија на својата официјална страница дека го земаат 31-годишниот поранешен репрезентативец на Гана на заем од Сасуоло. Барса ќе плати 2 милиони евра и договорот вклучува клаузула која му дозволува на клубот да го купи Боатенг по крајот на сезоната за 8 милиони евра.