Сопствениците на Манчестер Сити – „Сити фудбал груп“ ја истражуваат можноста да купат клуб од кинеското првенство.

Досега, групата има проекти во Њујорк, Австралија, Јапонија, Шпанија, Уругвај и Англија.

Потпретседателот на „Сити фудбал груп“ оствари средба со сопствениците на „Sichuan Jiuniu“, кој е тим од третото ниво на кинескиот фудбал.

За прв пат, групата контактирала со шефовите на кинескиот клуб пред една година.

Од 2016 година „Сити фудбал груп“ е со седиште во Шангај и минатата година отвори канцеларија во Шенжен, каде што ги следи манифестациите на локалните таленти.

Целта на „Сити фудбал груп“ е да отвори академија во Пекинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2019 09:40