Претседателот на Олимпик Лион, Жан-Мишел Олас е меѓу оние луѓе кои не и мислат доброто на суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси. Двата тима се среќаваат вечерва во оминафинален судир од Лигата на Шампионите и Французинот посака напаѓачот да „фати настинка“ пред почетокот на натпреварот.

– Игравме против Манчестер Јунајтед со Роналдо во 2004 година, Кристијано беше како ракета. Сме играле и против момчиња како Бекам и Меси, иако Аргентинецот никогаш не играл многу инспирирано против нашиот клуб. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи. Ако Лео настине, тоа ќе биде добро за нас, изјави Олас, цитиран од „Дејли експрес“.

Натпреварот на „Стад де Лумиер“ на програмата е вечерва од 21:00 часот.

Каталонците ја освоија групата „Б“ со 14 поени од можни 18. Лион заврши на второто место во групата „Ф“ по 1 победа и 5 нерешени.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2019 16:14