Хрватскиот фудбалер Јосип Брекало се спротистави на правилата на неговиот клуб Волфсбург да носи капитенска лента со боите на ЛГБТ заедницата како знак на толеранција кон сексуалните различности.
Претседателот на Ваљадолид, Карлос Суарез, истакна дека неговиот клуб ќе ја прифати казната, која може да му биде изречена за состојбата на теренот на натпреварот со Барселона.
Вардар од три натпревари на почетокот на првенството, има скор од две победи и едно „реми“, и со освоени седум бодови во моментов го зазема второто место на табелата.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, побара време за тимот да ја достигне посакуваната форма. Исто така, португалскиот специјалист ја истакна важноста на претстојниот натпревар со Тотенхем.
Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, објасни зошто Лука Модриќ не добива шанса во стартниот состав.
Фановите на Џенова за време на натпреварот од втората рунда од првенството во Серија А против Емполи, во сеќавање на жртвите од падот на мостот „Моранди“ молчеа 43 минути.
Фудбалерот на Барселона, Артуро Видал го поддржува воведувањето на системот за видео асистенција на судиите (ВАР) во Лигата на шампионите. Според него, доколку ВАР се користеше последните две сезони во елитното натпреварување, тогаш трофејот би го освоил Баерн Минхен, а не Реал Мадрид.
Бразилецот од Реал Мадрид, Марсело е изненаден од одлуката на тренерот Хулен Лопетеги да го извади од игра во 60. минута на синоќешното гостување кај Џирона.
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс вчеравечер на дуелот со Лајпциг го постигна својот 100.гол во Бундеслигата.
Менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез, по поразот од Челзи (1:2), изнесе забелешки за досудениот пенал за противникот во финишот од натпреварот.