„Војната“ помеѓу Мауро Икарди и Интер станува се посериозна. Аргентинскиот напаѓач побара јавно извинување од клубот за односот кон него во последниве години. Иднината на фудбалерот изгледа се поизвесна и по крајот на сезоната тој сигурно ќе си замине, иако неговиот договор со клубот е до 2021 година.

Според информациите во Италија, раководството на клубот веќе одлучило да го продаде фудбалерот, откако преговорите за нов договор пропаднаа. Агентот на Икарди – Ванда Нара, која е и негова сопруга се пожали јавно од незаинтересираност на „нероазурите“.

Но тоа не му помогна на Икарди, а капитенската лента веќе му беше одземена и предадена на голманот Самир Хандановиќ.

Од своја страна, пак, фудбалерот побара извинување од клубот за односот кон него и што поскоро да се разбере какви се намерите спрема него.

Според шпекулациите на Апенините, Икарди ќе одбие да игра за Интер додека не го добие



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2019 13:15