Крилото на Баерн Минхен, Ариен Робен, зборуваше пред натпреварот во Лигата на шампионите на „Енфилд“. Според Холанѓанецот, ова е „најлошиот“ стадиум, на кој може да се игра фудбал. Робен три пати бил елиминиран од Ливерпул во својата кариера. Станува збор за 2005 и 2007 година со тимот на Челзи, како и во 2009 со тимот на Реал Мадрид. – Ако ме прашате кој е најлошиот стадион, ќе ви кажам дека тоа е оној на Ливерпул. Со Клоп тие израснаа многу. Се доверија на странски менаџер кој направи одлична работа. Минатата година беа во финалето, откако се справија многу добро и во Премиер лигата. А во моментов се наоѓаат на врвот, се борат со Сити. Титулата е она што сите го чекаат од Ливерпул. Мина многу време откако не ја освоиле и тоа е она за што тие сонуваат, рече Холанѓанецот. Баерн Минхен гостува на „Енфилд“ на 19 февруари (вторник) во првата средба од осминафиналето на Лигата на шампионите. Реваншот е по три недели на 13 март на „Алијанц арена“ во Минхен.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2019 13:42