Тимот на Милан ја запиша втората последователна победа во Серија „А“, откако победи со 1:3 над Аталанта. „Росонерите“ продолжија со силни настапи по новата година и сега се четврти во Италија.

Кжиштоф Пјатек постигна два погодоци за тимот од „Сан Сиро“, а Хакан Чалханоглу исто беше прецизен за пулените на Џенаро Гатузо. Ремо Фреулер го постигна единствениот гол за домаќините во 33-тата минута.

Со оваа победа, Милан собра 42 поени и се приближи на еден од градскиот ривал Интер. Сепак, тимот на Лучано Спалети е со меч помалку, откако денеска го пречекува тимот на Сампдорија од 18 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2019 12:30