Жозе Мурињо има огромна желба повторно да застане на чело на Интер, тврди „Либеро“. Португалецот, кој неодамна беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во моментов е без работа, но веќе разгледува различни опции за продолжување на кариерата. На прво место на неговата листа е враќање на „Џузепе Меаца“, каде работи од 2008 до 2010 година и го изведе тимот до три титули во последната сезона на чело.
Поранешниот асистент на легендарниот Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, Стив Мекларен ја прокоментира работата на актуелниот менаџер, Оле Гунар Солскјер и изјави дека Норвежанецот го вратил „стариот, традиционален стил“ на „црвените ѓаволи“.
Ѕвездата на Челзи, Еден Азар вчера призна дека веќе донел одлука за својата иднина. Во изминатиов период, белгискиот репрезентативец постојано е поврзуван за трансфер во Реал Мадрид, а самиот играч не ја крие желбата да премине на „Сантијаго Бернабеу“.
Уште четири екипи се пласираа во осминафиналната фаза на ФА Купот. Синоќа се одиграа репризите од 4-тото коло на турнирот, по кои станаа јасни имињата на тимовите кои продолжуваат понатаму – Вулверхемптон, Њупорт, Квинс Парк Ренџерс и Брентфорд.
Работнички попладнево загуби со 2:1 од српскиот шампион Црвена ѕвезда на третиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија.
Генералниот директор на Интер, Џузепе Марота ги отфрли информациите дека клубот ќе го отпушти тренерот Лучијано Спалети.
Британското биро за истраги во воздухопловството (AAIB) објави дека операцијата за подигнување на остатоците од авионот со кој леташе аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, ќе почне во рок од два дена.
Во Реал Мадрид веруваат дека раководството на Примера постапи неправедно, бидејќи “Барселона” ќе добие дополнителен ден на одмор пред двата натпревара од полуфиналето на шпанскиот куп, информира Марка.
Тренерот на ПСЖ, Томас Тукел, истакна дека неговиот тим ќе има максимално сериозен пристап на натпреварот од осминафиналето на францускиот куп со Вилефранш.
Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал Мадрид, Интер и Порто, Жозе Мурињо беше осуден на 12 месеци затвор, објавија шпанските власти. Португалецот се изјаснил за виновни за даночни измами и ќе мора да плати парична казна од 2,2 милиони евра, пренесе „Марка“.