Тренерот на ПСЖ, Томас Тукел, истакна дека неговиот тим ќе има максимално сериозен пристап на натпреварот од осминафиналето на францускиот куп со Вилефранш.
Тој истакна дека не треба да се потцени противникот иако е од третата дивизија.
– Ќе играме сериозно, како да е натпревар од Лигата 1 или Лигата на шампионите. Ова е многу важен натпревар кој дава можност за поминување во следниот круг. Сакаме да победиме и мора да победиме. Имаме искусни играчи како Буфон, Алвес, Силва. Тие го третираат секој натпревар на ист начин, нагласи Тухел.
Натпреварот е закажан за утре (6 февруари) со почеток во 18:30 часот.