Генералниот директор на Интер, Џузепе Марота ги отфрли информациите дека клубот ќе го отпушти тренерот Лучијано Спалети.
Тој истакна дека никогаш во неговата кариера нема отпуштено тренер.
– Место на Спалети е заштитено. За 22 години како директор во Серија А, работев во Аталанта, Сампдорија и Јувентус. Никогаш не бркав тренери. Потребни се посебни услови за да ме принудат на такво нешто. А, такви услови не постојат. Спалети ќе го задржи своето место, изјави Марота.
Интер под водство на Спалети во моментов се наоѓа на 3.место во Серија А со биланс од 12 победи, четири нерешени натпревари и шест порази во 22. кола.