Работнички попладнево загуби со 2:1 од српскиот шампион Црвена ѕвезда на третиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија.

„Романтичарите“поведоа со голот на Дејан Блажевски во 41. минута, Црвена ѕвезда израмни две минути подоцна преку Вукановиќ, а конечниот резултат го постави Ебисилио во 54. минута.

За Работнички пенал не искористи Баже Илијоски во 36. минута.

На претходните две средби во турското одморалиште, Работнички го совлада Сабуртало со 2:1 и загуби од Поханг Стилерс со 2:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2019 18:35