Во Реал Мадрид веруваат дека раководството на Примера постапи неправедно, бидејќи “Барселона” ќе добие дополнителен ден на одмор пред двата натпревара од полуфиналето на шпанскиот куп, информира Марка.
Првиот дуел е закажан за утре (6 февруари) на „Камп Ноу“. Барселона” пред оваа средба имаше натпревар со Валенсија (2:2) на 2 февруари, додека Реал Мадрид играше со Алавес (3:0) на 3 февруари.
Според раководството на Реал, Барселона ќе има предност со оглед на еден ден повеќе одмор.
Слична ситуација ќе се повтори и пред реваншот. Затоа во опција е и можноста натпреварот Леванте – Реал да биде презакажан за 23 февруари.