Повредата на Ријад Марез не е од посериозна природа и тој ќе настапи против Челзи на натпреварот од „Комјунити шилд“ што се игра во недела.
Српскиот фудбалер Александар Митровиќ останува во Фулам до 2023 година, откако минатата сезона играше како позајмен фудбалер од Њукасл.
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се вклучи во расправата за тоа кој е подобар фудбалер меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо, при што се одлучи за својот сонародник кој игра за Барселона.
Крилото Тома Лемар беше претставен официјално како ново засилување на Атлетико Мадрид. Шпанците го купија 22-годишниот играч за 70 милиони евра од Монако.
Раководството на Милан му понудил годишна плата од 7 милиони евра на тренерот Антонио Конте, објави „Дејли мирор“. Конте, кој го предводеше Челзи минатата сезона, најверојатно ќе ги преземе „росонерите“, заменувајќи го Џенаро Гатусо.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо побара од своите главни играчи да го скратат својот одмор и да се приклучат што е можно поскоро кон соиграчите во предсезонските подготовки на тимот.
Тренерот на Баерн Минхен Нико Ковач изјави доста самоуверено дека Роберт Левандовски ќе остане кај Баварците. Многумина велат дека желбата на напаѓачот е да се пресели во Реал Мадрид, а неговиот агент вели дека неговото време во Баерн е завршено.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо е фаворит на обложувалниците за првиот отпуштен менаџер во Премиер лигата. Коефициентите за Португалецот паднаа нагло по серијата интервјуа во кои Португалецот отворено го критикуваше раководството на „црвените ѓаволи“ и недостатокот на каква и да е активност на трансфер пазарот.
Раководството на Челзи започна преговори со колегите од Борусија Дортмунд за офанзивниот халф Кристијан Пулишиќ. Се чини дека Американецот ќе го напуштат „жолто-црниот“ тим, откако одби да го обнови договорот со клубот.
Хрватскиот клуб Динамо Загреб, во кој настапува македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, одбил понуда од француски Лил за својот капитен.