Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо е фаворит на обложувалниците за првиот отпуштен менаџер во Премиер лигата. Коефициентите за Португалецот паднаа нагло по серијата интервјуа во кои Португалецот отворено го критикуваше раководството на „црвените ѓаволи“ и недостатокот на каква и да е активност на трансфер пазарот.
Голем број светски букмејкерски куќи веќе примаат облози за разрешување на Мурињо при коефициент 5/1, што е најнискиот можен коефициент пред почетокот на сезоната во Премиер лигата.
Втор во непријатниот рејтинг е Марк Хјуз, а по него следат имиња како Клод Пуел, Рој Хоџсон, Хави Гарсија, Рафаел Бенитез, Крис Хатон и Нил Ворнок.