Повредата на Ријад Марез не е од посериозна природа и тој ќе настапи против Челзи на натпреварот од „Комјунити шилд“ што се игра во недела.
Најскапото летно засилување на англискиот шампион го повреди левиот скочен зглоб на пријателскиот натпревар со Баерн Минхен.
Иако се стравуваше дека повредата е сериозна, по деталните прегледи беше утврдено дека фудбалерот веднаш може да се врати на терен.
- Марез ги помина деталните прегледи по што беше утврдено дека нема оштетување на лигаментите на повредениот зглоб на левата нога, соопштија од Манчестер сити.
Висината на трансферот на Марез од Лестер во Сити изнесуваше 60 милиони евра.