Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо побара од своите главни играчи да го скратат својот одмор и да се приклучат што е можно поскоро кон соиграчите во предсезонските подготовки на тимот. Седум од главните фудбалери на „црвените ѓаволи“ играа до самиот крај на светското првенство што наложи нивно отсуство за почетокот на подготовките, а Мурињо побара неговите ѕвезди да бидат подготвени за игра што поскоро. Досега Фил Џонс и Маркус Рашфорд се согласиле да го скратат својот одмор, а тоа се очекува во наредните денови да го направат и Пол Погба, Ромелу Лукаку, Маруан Фелаини, Џеси Лингард и Ешли Јанг. - Момчињата целосно си го заслужија одморот, но се надевам дека ќе дадат малку повеќе од себе и ќе се вратат малку порано. Рашфорд и Џонс ветија дека ќе дојдат, бидејќи во спротивно ќе бидеме во голема опасност во почетокот на сезоната, рече Мурињо. Проблемите на португалскиот менаџер, сепак ,не запираат тука, откако халфот Немања Матиќ заработи повреда, а со повреди се уште Крис Смолинг, Лук Шо, Маркос Рохо и Антонио Валенсија. Манчестер Јунајтед ќе се сретне со Реал Мадрид и Баерн Минхен во последните две контролни пред стартот на сезоната, која за „црвените ѓаволи“ ќе биде на 10 август со натпревар дома против Лестер.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2018 13:53