Тренерот на Нант, Клаудио Раниери, ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната. Ова го соопшти претседателот на клубот Валдемар Кита. Таквите шпекулации веќе некое време постоеја во медиумите, но сега и официјално добија потврда.
Тренерот на Олимпик Марсеј, Руди Гарсија, беше разочаран по поразот од Атлетико Мадрид (0:3) во финалето на Лигата на Европа, но тој смета дека неговите играчи не треба да се срамат од него, бидејќи изгубија од многу силен ривал.
Тренерот на Атлетико Мадрид поради суспензија не можеше од клупата да го предводи својот тим во финалето на Лигата на Европа, но тоа не беше пречка неговите избраници на доминантен начин да стигнат до трофејот.
Атлетико Мадрид по трет пат во својата историја ја освои Лига Европа, откако синоќа во Лион го совлада Олимпик Марсеј со 3:0 во финалето на вториот по престиж турнир на Стариот континент.
Од противниците на „црвено-жолтите“ во групата од Лигата на нации, најдобро котира Ерменија (98. место), Лихтенштајн е 181-ви, а Гибралтар се наоѓа на 196-тото место.
Истрагата е покрената поради сомнителни работи во ракометот, бидејќи Спортинг во тој спорт е двократен последователен шампион на Португалија. Но, тогаш аферата се проширила. Полицијата пресретнала гласовни пораки на извесен Пауло Силва преку апликацијата „WhatsApp“.
Атлетико Мадрид ќе заработи 6,5 милиони евра, ако успее победи против Французите во финалето. Пораз во него ќе значи дека „црвено-белите“ ќе загубат три милиони евра, бидејќи во клупската каса ќе влезат само 3,5 милиони евра.
Силекс и Работнички одиграа 0:0 во Кратово, а Шкупи запиша значајна победа на гостувањето против Пелистер во Битола во дел од денешните натпревари, со кои се комплетираше 35 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Во кратко интервју што го даде за „Газета“ Ривалдо, еден од лидерите на последната генерација на „кариоките“, кои го освоија Светското првенсто, смета дека најдобриот играч на Бразил Нејмар треба да го напушти Пари Сен Жермен.
Барселона успеа да ја засили својата одбрана за новата сезона, откако тимот го договорил привлекувањето на францускиот централен дефанзивец на Севиља Клеман Ленгле, тврди „Ел Мундо Депортиво“.