Барселона успеа да ја засили својата одбрана за новата сезона, откако тимот го договорил привлекувањето на францускиот централен дефанзивец на Севиља Клеман Ленгле, тврди „Ел Мундо Депортиво“. Според последните информации, каталонците ќе платат за дваесет и две-годишниот дефанзивец сума од 35 милиони евра. Иако тимот од Севиља не одигра особено добра сезона и тимот како целина ги разочара своите фанови, Ленгле беше еден од најстабилните фудбалери на тимот и интересот за него е логичен. Тој пристигна на „Рамон Санчез Писхуан“ од составот на Нанси минатата година и се етаблира како важен дел од одбраната на шпанскиот клуб. И макар да е сметан за сигурно ново засилување во Барселона, Ленгле се уште го чека своето деби за репрезентацијата на својата татковина Франција.