Тренерот на Нант, Клаудио Раниери, ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната. Ова го соопшти претседателот на клубот Валдемар Кита. Таквите шпекулации веќе некое време постоеја во медиумите, но сега и официјално добија потврда.
- Нема што да се крие. Имавме средба со спонзорите, тој им се заблагодари на сите. Раниери, исто така, заслужува благодарност за се што направи тука. Не беше секогаш лесно.
Односите меѓу претседателот и тренерот менторот беа доста затегнати во последниве неколку месеци. Кита критикуваше некоја одлука на Италијанецот кој му одговори дека ако не е задоволен од неговата работа, тој секогаш може да го отпушти.
Раниери потоа не се појави на официјална вечера по повод јубилејот на клубот, велејќи дека не нашол паркинг простор.
66-годишниот Раниери го презеде Нант минатото лето и потпиша договор до 2019 година. Не успеа тимот да го одведе во Лига Европа што беше амбиција пред почетокот на сезоната.