Навивачите на Олимпик од Лион во текот на натпреварот против ЦСКА од Москва направија повеќе прекршоци поради кои би можела да биде активирана условната казна која на францускиот гигант му беше изречена уште пред една година.
Легендарниот голман на Јувентус сака да остави трага во репрезентацијата за последен пат и затоа одговори на повикот на селекторот Луиџи ди Бјаџо да ги одигра натпреварите против Аргентина и Англија.
Незадоволство кај раководството на Сосиедад кулминира по саботниот пораз на домашен терен од Хетафе по што следуваше отказ за Еузебио.
Поновата фудбалска историја не памети кога во еден фудбалски викенд и во едно исто коло во националните лиги, дури тројца фудбалери постигнале по четири голови на еден натпревар.
Иако се тврди дека причината е повреда, според пишувањата во италијанските медиуми, Калиниќ е отстранет од првиот тим поради недоволно залагање на тренинзите.
Светската фудбалска федерација и официјално одобри да се користи видеотехнологијата на Светското фудбалско првенство во Русија.
Советот на ФИФА одлучи да ја одобри можноста за извршување на четвртата замена за време на дополнителното време од плеј-оф дуелите на Мундијалот 2018.
Селекторот на Германија, Јоаким Лев ги изостави од списокот фудбалерите на Борусија Дортмунд, Марио Геце и Марко Ројс, бидејќи не се доволно подготвени да одговорат на репрезентативните задачи.
Диди Хаман, поранешниот играч на Баерн од Минхен, за „Скај спорт“ изјави дека Германците го контактирале Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази оптимизам по извлекувањето на ждрепката за четвртфиналето на Лигата на шампионите.