Лионел Меси, капитенот на Барселона, изјави дека доколку репрезентацијата на Аргентина доживее неуспех на Мундијалот, сите играчи треба да се повлечат од државниот тим.

„Доколку играме лошо на првенството, сите би требало да се повлечеме. Невозможно е да се остане ако се случи такво нешто“, изјави Меси за „ТиЦ спорт“.

Меси минатата година по поразот на пенали од Чиле во финалето на Копа Америка, одлучи да се повлече од репрезентацијата поради бројните критики, но подоцна се премисли.

Тој додаде дека тоа што седеше на клупата на Барселона во претходните два натпревари во Лигата на шампионите, му паднало многу тешко, но и дека е свесен дека тоа била исправна одлука на тренерот Ернесто Валверде поради претходно обезбедениот пласман.

„Тешко прифаќам кога не играм или сум заменет, но сфатив и разбрав дека таквата одлука беше најдобра. Да се биде на клупата е ужасно, иако однадвор изгледа поинаку“, додаде Аргентинецот.

Меси и „гаучосите“ наредното лето во Русија ќе се обидат да направат чекор понатаму во однос на минатиот Мундијал, кога изгубија од Германија во финалето во продолженијата (1-0), а први ривали во групата им се Хрватска, Исланд и Нигерија.

Хавиер Маскерано, дефанзивниот играч на Барселона, неодамна изјави дека би можело да го напушти националниот тим. „Нема да ви кажам што ми рече, но ќе го разберам ако ја напушти екипата. Сака да игра повеќе. Најдобра работа е да се биде во екипата и да се биде задоволен, но тој мисли дека ќе добива поголема минутажа“, изјави Меси.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 01:53