Вардар го има најголемиот скок на УЕФА клупскиот ранкинг, објави сајтот на европската куќа на фудбалот. Нашиот тим освои бод во дуелот со Розенборг, и тоа донесе напредок од 62 места, односно од 299 позиција, сега „црвено-црната“ екипа е на 237 место.
Успехот ќе беше уште поголем доколку Вардарци успеаја да го совладаат својот противник во четвртокот вечерта. Имаа шанси, имаа повеќе од играта од Розенборг, меѓутоа на крајот освоија само еден бод, првиот во групната фаза од едно европско натпреварување.
„Црвено-црните“ со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, ќе го подобрат и националниот коефициент. Се очекува Македонија да го подобри пласманот за пет позиции, односно од 42 место, да биде на 37-мата позиција на ранкингот.