Европската фудбалска федерација донесе одлука да му го одземе домаќинството на Брисел каде требаше да се одиграат четири натпревари од ЕП 2020.

Одлуката на УЕФА доаѓа по недобивањето гаранции дека работите на бриселскиот „Еуростадион“ ќе бидат завршени на време.

Новиот стадион во белгиската престолнина требаше да биде изграден до 2019 година и да биде со капацитет од 61.000 места за седење.

Наместо во Брисел, натпреварите ќе се играат во Лондон. Покрај главниот град на Британија, средби од Европско фудбалско првенство 2020 ќе се организираа уште во 11 градови домаќини.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 02:02