По комплетирањето на шестото коло во Лигата на Европа познати се сите учесници во нокаут фазата во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Ждрепката ќе се оддржи во понеделник во Нион.
Со вчерашните натпревари од шестото коло се комплетираше групната фаза во Лигата на Европа. Европска пролет и пласман во следната фаза обезбедија следните екипи:
Виљареал, Астана, Динамо Киев, Партизан, Брага, Лудогорец, Милан, АЕК, Аталанта, Лион, Локомотив Москва, Копенхаген, Плзен,Стеауа, Арсенал, Црвена Звезда, Салцбург, Олимпик Марсеј, Атлетик Билбао, Остерсундс, Лацио, Ница, Зенит и Реал Сосиедад.
Покрај нив, напролет во натпреварувањето ќе се приклучат и третопласираните екипи од групите во Лигата на шампионите: Борусија Дортмунд, Лајпциг, Наполи, Спортинг Лисабон, ЦСКА Москва, Спартак Москва, Селтик и Атлетико Мадрид.
Ждрепката ќе се одржи в понеделник во седиштето на УЕФА во Нион со почеток од 13.00 часот, а натпреварите ќе се играат на 15-ти и 22-ри февруари следната година.