Белгиската и англиската репрезентација веќе имаа обезбедено сигурен пласман во осминафиналето. Но, со оваа победа Белгија има девет бодови и е на врвот од табелата, а Англија е второпласирана со шест.
Селeкторот на Сенегал, Алиу Сисе, изјави дека се гордее со своите играчи и покрај тоа што беа елиминирани во групната фаза на Светското првенство во Русија.
Од друга страна, Јапонија и покрај поразот од Полска, се пласираше во осминафиналето, благодарение на помалиот број на жолти картони.
За Полска ова е прва победа на Мундијалот и освен почесните три бодови немаше значење за понатамошниот пласман на полската репрезентација, која се наоѓа на дното на табелата.
Лекарот на бразилската репрезентација изјави дека душекот на креветот во хотелот е најверојатно причина за проблемите со грбот на фудбалерот Марсело Виеира да Силва Жуниор познат како Марсело.
Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат Светското првенство, заради самиот фудбал, но и заради албумот со сликички на Панини и сите придружни активности од тоа хоби - купување сликички, менување дупликати, со цел, ако е можно, албумот да се пополни пред почетокот на првенството.
Хрватскиот селектор Златко Далиќ по сигурниот пласман на неговата репрезентација во осминафиналето се осврна на досегашниот тек на Светското првенство, но и на следниот предизвик - натпреварот против Данска.
Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус, за прв фаворит за трофејот на фудбалскиот Мундијал во Русија го смета Бразил.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) најверојатно ќе му го укине статусот амбасадор на фудбалот на Армандо Диего Марадона, поради се почестите ексцеси кои ги прави за време на натпреварите.
На Светското фудбалско првенство во Русија срушени се два рекорди. Првиот е по бројот на голови дадени во сопствената мрежа, а вториот е по жолт картон добиен во најбрзо време.