На четвртиот ден од програмата на Мундијалот во Русија ќе ги проследиме дуелите на поранешните светски шампиони Германија и Бразил, кои во своите први натпревари ќе излезат против незгодни противници, со кои ќе се борат за поминување во следната фаза - Мексико и Швајцарија.
Белгискиот дефанзивец, Винсент Компани можеби ќе биде подготвен да се врати на теренот дури за финалниот натпревар на тимот во групната фаза против Англија, објави селекторот Роберто Мартинез.
Аргентинскиот напаѓач, Серхио Агуеро изјави дека целиот тим го поддржува Лионел Меси кој пропушти пенал при 1-1 против Исланд вчера на Светското првенство.
Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ, изрази доверба дека тимот нема да изгуби од Аргентина во нивниот претстоен натпревар од Светскиот куп.
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ остана задоволен од поддршката на навивачите при победата со 2:0 над Нигерија, а во исто време предупреди дека во следниот натпревар Аргентина ќе биде многу мотивирана против неговиот тим.
Хрватска ја победи Нигерија со 2:0 и излезе на чело во групата „Д“ на Мундијалот 2018. Тимот на Златко Далиќ тотално доминираше на натпреварот, не им дадоа никаква шанса на Африканците и речиси без проблеми забележаа победа.
Европскиот шампион од 1992 година го победи Перу со 1:0 во својот прв натпревар на Мундијалот. Јусуф Поулсен беше херој за „црвениот динамит“ со својот гол во 59-тата минута.
Ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси, рече дека пропуштениот пенал во натпреварот против Исланд е болен момент за тимот.
Златан Ибрахимовиќ изрази поддршка за Карим Бензема по натпреварот Франција - Австралија (2:1) на Светското првенство и изрази жалење дека не го гледа својот пријател на терените во Русија.
Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли логично не беше задоволен по нерешениот резултат 1:1 против Исланд на стартот на Светското првенство во Русија.