До 15 часот во општина Крива Паланка на гласање во вториот круг од претседателските избори излегле 52,61 отсто од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список
Ниската излезност до 15 часот во споредба со првиот круг останува карактеристика на гласањето за претседател во вториот изборен круг во шестте тетовски општини
До 15 часот излезноста во општина Струга е 17,72 отсто, во Ресен 31, а во Вевчани 42 проценти
Во Штип до 15 часот гласале 17.045 избирачи. Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК), Сенка Андреева вели дека според овие бројки излезноста е 40,8 отсто
Во Демир Капија до 15 часот гласале 49,17 отсто од гласачите, во Неготино 42,71, Кавадарци 41,8, додека во Росоман своето право на глас го оствариле 36 отсто од лицата запишани во Единствениот избирачки список
До 15 часот на подрачјето на Општина Битола гласале 30.323 гласачи или 37.10 отсто од вкупниот број евидентирани во Единствениот избирачки список
До 15 часот гласале 527.068 според 95,67 проценти обработените податоци од избирачките места од кои пристигнале податоци до ДИК.
На 12 избирачки места во општина Богданци, во фер и демократска атмосфера, гласачкото право го искористиле 2.658 граѓани или 39,3 отсто, додека на осум избирачки места во општина Дојран до 15 часот на гласање излегле 1.152 граѓани или околу 42,4 отсто.
Во Берово и Пехчево до 13 часот гласале над 30 отсто од избирачите регистрирани во избирачкиот список.
Според Општинската изборна комисија во општина Дебар до 15 часот правото на глас го искористиле 17 отсто од вкупниот број гласачи, што е за 13 отсто помал процент споредено со првиот изборен круг за претседателските избори.