Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура, доказ за нашата историја, тие сведочат дека во нив илинденците мислеле, правеле планови за Македонија. Крушево треба да биде метропола на културата.
За Неготино предвидуваме убави работи во оваа програма, предвидуваме изградба на експресниот пат Кавадарци до Неготино, планираме изградба на обиколница околу Неготино, планираме завршување на гасификацијата и гасификација на ТЕЦ Неготино.
Многу е важно да се земе активно учество во овие избори. Резултатот во првиот круг беше би рекол историски. Владата е делегитимирана и треба да оди во опозиција и СДСМ и ДУИ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино.
Нагласи дека ќе разговараат со сите потенцијални сили во делот што значи просперитет, евроинтегративен процес.
Тој ги негираше обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.
- Мене и на моите другари ни е јасно дека партијата треба да се менува, за да ја вратиме довербата на граѓаните, рече тој.
Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше носителката на ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, таа истакна дека народот се обединува околу еден кандидат за претседател кој достоинствено ќе не претставува.
Имаме во првиот круг историска разлика од 183 илјади гласа предност во однос на кандидатот Стево Пендаровски.
Николоски во текот на своето обраќање пред граѓаните од Росоман и на експресниот пат Прилеп-Градско кој е многу значаен за овој регион.
Ковачки истакна дека народот им го зададе ударот на СДС и ДУИ на 24 април, а веднаш потоа ќе им го зададе на 8 мај, посочувајќи дека по победата следува трет удар а тоа е одговорност за сите криминали и штети кои власта ги нанела на народот и Македонија.