Според вчерашните резултати Силјановска однесе убедлива победа во Прилеп, каде што доби 18.085 гласови наспроти 9.668 гласови за Пендаровски и во Струмица каде што освои 11.808 гласа наспроти 9.008, како два најголеми града во оваа изборна единица.
Резултатите од скопските општини во изборната единица 2 ја комплетираат сликата за убедливата победа на Силјановска Давкова во главниот град.
Ако се направи анализа на изборните резултати, во Изборната единица 1, Силјановска победи во скоро сите општини, дел од оваа изборна единица, освен во Студеничани, каде што Пендаровски освои 107 гласа повеќе од неговата противкандидатка.
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
Денеска народот покажа дека си ја сака Македонија. Ветив дека ќе победиме со најмалку 100 000 гласови разлика, победуваеме со повеќе од 170 000 гласови.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција рече дека се надевал на подобри резултати и, како што рече, ја прифаќа пораката од граѓаните, но се надева на подобри изборни резултати во вториот круг.
Билјана Ванковска, претседателски кандидат поддржана од Левица на вечерашната прес-конференција истакна дека авангардата гласала за нив и посочи дека она што била нивна задача го оствариле.
Почитувани, пред да се обратам се слушнав со албанската опозиција со господинот Арбен Таравари му честитав на резултатот и му посакав успешни парламентарни избори и идна влада во Македонија, истакна Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на првиот круг од претседателските избори.
Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија. И дека секој оној кој што го потценува народот, ја потценува Македонија и прави голема грешка.
Вечерва претседателот на движењето ЗНАМ Максим Димитриевски изрази голема благодарност до сите граѓани на Македонија за денешното гласање на претседателските избори.