Сликата на британскиот уличен уметник Бенкси насловена „Покажи ми го Моне“ е продадена на аукција во Лондон за 9,8 милиони долари
Американската компанија Круз објави дека, во соработка со својот мнозински сопственик – корпорацијата Џенерал моторс, ќе побара одобрение од надлежните институции за производство на ограничен број возила без волан и контролни педали
На интернет се случи премиерата на хоророт „Страшливo маче” (Scaredy Cat), којшто според авторите, е првиот хорор-филм за мачки. Главниот лик во филмот, се разбира, е мачка, а негативецот е – краставица
Вселенската компанија Блу ориџин, основана од милијардерот Џеф Безос, изведе успешен пробен лет на своја ракета, која еден ден ќе превезува туристи во вселената… Иако, датумот на првиот туристички лет сè уште не е познат
Британскиот природонаучен музеј годинава му ја додели првата награда за фотографија од дивиот свет, на рускиот фотограф Сергеј Горшков
Оваа есен, 7.000 ученици од 27 училишта во Виена, Австрија, имаат можност да соберат поени, да се натпреваруваат и да освојат вредни награди преку – прошетка.
Двајца ловци во Флорида фатија бурмански питон долг 5,71 метри, што е рекорд за американската сојузна држава богата со влекачи од сите видови
Осуденици од Казнено-поправниот дом во Сремска Митровица, Србија, дизајнираа и сошија повеќе заштитни маски наменети за Модната недела во Торино. Таа се одржува од 3. до 9 октомври
При градежни работи кај Санта Лусија, град којшто се наоѓа на 50 километри од Мексико Сити, најдени се остатоци од 200 мамути постари од 15.000 години
Палеонтолози од Мјанмар го пронајдоа најстариот примерок на животински сперматозоид. Тој бил сместен во парче килибар старо 100 милиони години